Чез Вилијамс, нов плејмејкер на Пелистер

Американскиот плејмејкер Чез Вилијамс е нов плејмејкер на екипата на Пелистер откако ги договори условите за едногодишна соработка со битолскиот прволигаш. Станува збор за 29-годишен кошаркар висок 175 сантиметри, кој треба да донесе дополнителна брзина во играта на тимот на Марјан Илиевски.

Вилијамс на почетокот од европската авантура настапуваше во турскиот прволигаш Ескишехир, потоа беше дел од неколку различни лиги ширум Европа, а ланската сезона ја мина на Исланд, носејќи го дресот на Нјардвик.

Пелистер под водство на Илиевски формираше силен тим кој сигурно ќе атакува на влез во Супер-лигата. Битолчани најпрвин ги потпишаа Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ, потоа го договорија останувањето на Зеќири, од ФМП го доведоа Нацевски, а Мартин е третиот странец што досега е договорен во клубот, по Кесар и Басит.

Се вчитува...