Чичарито е наследникот на Златан во ЛА Галакси

Чичарито Хернандез е изборот на ЛА Галакси за нов предводник на нападот на овој американски клуб, со што мексиканскиот голгетер ќе ја добие одговорната улога на наследник на Златан Ибрахимовиќ во новата екипа. Хернандез доаѓа во Лос Анџелес од редовите на Севилја, каде не ја доби посакуваната минутажа, па реши да се пресели на другата страна од Атлантикот, многу поблиску до татковината.

„Ќе играм фудбал, тоа е она пто сакам да го правам во животот. Во последните две-три години тренерите им даваа шанса на други фудбалери пред мене, но луѓето во ЛА Галакси имаат апсолутна доверба во моите квалитети, сакаат да бидам лидер на оваа екипа. Затоа без многу размислување ја прифатив понудата“, изјави Чичарито по потписот на договорот.

Трансферот на Хернандез ќе значи дека во големото градско дерби на Лос Анџелес тој за ривал ќе го има својот сонародник Карлос Вела.

„Не е важно дали јас ќе дадам гол или тој. Галакси е поголем клуб, сигурно ќе освои повеќе трофеи, ќе се погрижам тоа да се случи“, оптимистички е расположен мексиканскиот голгетер.

Се вчитува...