Легендарниот голман Хозе Луис Чилабверт упати критики до Винисиус за неговиот однос на теренот, откако Бразилецот повторно се жалеше дека е жртва на расистички напади за време на натпреварите.
Фудбалерот на Реал Мадрид се расплака на прес-конференцијата пред дуелот со Шпанија, изјавувајќи дека „Тажно е она што го минав во оваа земја. Поднесов толку многу жали, а никој не е казнет“.
Чилаверт остро реагираше на ваквата изјава на Винисиус, порачувајќи му дека треба да почне да го менува и своето однесување.
„Прв е во навредување и напаѓање на противниците. Винисиус, не биди пе..р, фудбалот е за мажи“, му порача Чилаверт на асот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА