Чиро Блажевиќ: Сине не ми е до СП, јас сум пред крајот

Легендарниот тренер, Мирослав Чиро Блажевиќ кој со репрезентацијата на Хрватска во 1998 година стигна до бронзениот медал на Светското првенство во Фрнација веќе подолго време се бори со ракот и неколкупати за медиумите посочуваше дека му се ближи крајот.

Тој веќе е пред крајот на својот живот поради болеста која ја има па вели дека овојпат веќе не му е ниту до Светско првенство.

„Сине, уште полошо сум од тоа претходно. Доаѓам до крајот и не можам да лажам дека сум добро кога не сум. Не ми е до фудбал и Светско првенство во моментов. Полн сум метастази на црниот дроб“, им рекол Блажевиќ на новинарите.

Се вчитува...