Чистка: За 17 фудбалери повеќе нема место во Челси

Челси без сомнение е клубот со најголем број аквизиции во последните неколку години. На „Стемфорд Бриџ“ се сменија бројни тренери почнувајќи од Грем Потер преку Салтор, Лампард и Покетино па се до Енцо Мареска, сите имаа свои замисли и трансфер желби кои беа остварени па се создаде тим преполнет со фудбалери на разни позици.

Сега следи чистка и тоа во огромни размери судејќи по информациите на англиските медиуми според кои Енцо Мареска нема да смета на дури 17 фудбалери за новата сезона на кои им е порачано да бараат нов клуб или дека ќе бидат испратени на позајмица.

На отписната листа се имиња на: Веига, Дисаси, Сар, Бадијашил, Анселмино, Чилвел, Гилкрист, Угучукву, Чуквуемека, Дусбери-Хол, Паез, Стерлинг, Џексон, Нкунку, Броја, Гуиу и Фофана.

Седумнаесетфудбалери заминуваат, а наскоро се очекуваа и две нови засилувања – стоперот Хато и офанзивниот фудбалер Симонс.

Се вчитува...