Чистката ќе продолжи: Интер продава уште најмалку шест фудбалери

Големите финансиски проблеми на Интер придонесоа Антонио Конте да си замине од клупата неколку дена по освоеното скудето, во меѓувреме беше продаден Ашраф Хакими во ПСЖ, а Ешли Јанг како слободен играч си замина во Астон Вила. Ова според италијанските медиуми е само почеток на распадот на шампионскиот тим на „нероаѕурите“, од каде се најавуваат уште неколку трансфери за напуштање на „Џузепе Меаца“.

Трошоците мораат да се сведат на минимум бидејќи се уште се должат плати на играчите од ланската сезона, па токму поради тоа се очекува Интер да продаде најмалку уште шестмина фудбалери, за да го намали буџетот за плати, но и да заработи нешто од нивните трансфери.

Најблиску до заминување е десниот бек Далбер, кој е пред преселба во Трабзон, на позајмица со задолжителен откуп наредното лето за седум милиони евра. Најголем проблем ќе биде да се најде купец за Алексис Санчез, кој зема плата од седум милиони евра, сума што ниту еден друг клуб во Европа не сака да муа ја исплаќа на Чилеанецот. Артуро Видал беше играч по мерак на Конте за кого новиот тренер Симоне Инзаги дал зелено светло за заминување на Чиланецот.

Раџа Наинголан, Матијас Весино и Жоао Марио се уште тројца фудбалери што Интер ќе инсистира да ги продаде во овој преоден рок, а доколку пристигне интересна понуда би можел да си замине и Марсело Брозовиќ, кој одбива да потпише нов договор со „нероаѕурите“.

Се вчитува...