Чистката на Мурињо: Пет првотимци мора да го напуштат Реал

Составот на Реал Мадрид за новата сезона сè уште се договара, па се очекуваат пристигнувања и заминувања.

„Кралевите“ веќе се на добар пат да го договорат трансферот на крилниот напаѓач Јан Диоманде, со што би бил петтото ново засилување за тимот на Жозе Мурињо, но веројатно не и последното што ќе пристигне на крајот од преодниот рок. Но, и неколку ѕвезди на тимот ќе мора да заминат.

Освен Диоманде, во последните денови се споменува и можното доаѓање на Родри, иако Мадрид сè уште негира дека презел конкретни чекори за играчот од средниот ред на Манчестер Сити. Сè уште нема официјална понуда, но се знае дека играчот сака да се врати во шпанската лига и дека Реал Мадрид е негова прва опција.

Пристигнувањата се условени од заминувања

За да се направи простор за пристигнувања, особено во средниот ред, Реал Мадрид ќе мора да продаде некого. Доаѓањето на Бернардо Силва создаде гужва на средината од теренот, а ниту еден од играчите од средниот ред сè уште не си заминал. Единствената промена досега е заминувањето на Дани Себаљос, кој играше малку минатата сезона, и продолжувањето на договорот со Аурелиен Чуамени.

Мурињо јасно нагласи дека бара брза и директна игра од тимот. Тој е задоволен од постоечкиот кадар, но е отворен за дополнителни нови сили. Бидејќи доаѓањето на Диоманде е многу сигурно, вниманието се насочува кон Винисиус Жуниор. Бразилецот ќе се врати во Мадрид за неколку дена, а раководството на клубот сака да го дефинира неговиот статус што е можно поскоро. На клубот не му се допаѓа неизвесноста бидејќи неговиот договор е пред истекување.

Можни заминувања од клубот се Раул Асенсио (20 милиони евра), Гонзало Гарсија (30), Франко Мастантуоно (45), Брахим Дијаз (35) и Едуардо Камавинга (50).

Дијаз и Камавинга јасно ставија до знаење дека сакаат да останат. Асенсио се надева дека ќе се бори за останување, но нема да биде лесно и неговиот агент Жорге Мендеш веќе бара нов клуб.

Од друга страна, познато е дека Гонзало Гарсија и Франко Мастантуоно си заминуваат. Гарсија ќе биде продаден, а Мастантуоно ќе оди на позајмица.

Се вчитува...