Чкембари бесни: Помизерни не сме биле, мислете му ја!

Најверните навивачи на Пелистер, припадниците на навивачката група „Чкембари“, преку кратко соопштение го изразија разочарувањето за очајната состојба во која се наоѓа овој фудбалски клуб, кој испадна од елитното друштво, а сега се наоѓа на последното место и во Втората лига. Тие апелираа битолчани во што поголем број да дојдат на стадионот и да им дадат поддршка на „пелистерци“ на саботниот дуел со Гостивар, за почеток на одење по трнливиот пат.

„Алармот е приклучен. Помизерни не сме биле. ОБЕДИНЕТИ да застаниме и гласно да го искажиме нашиот револт, оти МОРАМЕ. На 29.09.2018 сите на стадион да го направиме првиот чекор, кон трнливиот пат кој мора да го изодиме за да се вратиме таму каде што и заслужуваме. Зелено белата боја ни ја извалкаа, нека зажалат!!! ЧКЕМБАРИ 33 години биле и ќе бидат силата која ги исправува нештата кога е направена неправдата врз нашата светост ПЕЛИСТЕР. Мислете му ја!“, порачаа „Чкембари“.

Кормиларот Томче Трајановски си замина од клупата на Пелистер, а управата на битолскиот клуб се уште нема именувано нов тренер за утрешниот натпревар.

Се вчитува...