Навивачката група Чкембари се јави со соопштение во кое бара од раководството на Пелистер бара одговорност за денешниот пријателски натпревар против Охрид, во кој велат од „Чкембари“ дека на се личел освен на вистински фудбалски меч.
Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на навивачката група Чкембари.
„Навивачката група Чкембари веќе долго време е дистанцирана и не се меша во раководењето внатре во клубовите кој го носат името Пелистер , затоа што секогаш кога не му оди на клубот Чкембари се дежурни виновници. Но не значи ако не се мешаме дека не гледаме што се случува внатре во клубовите !Подолго време СМРДИ во фудбалскиот клуб ама сега е доста !!! Ви беше оставено доволно простор и време. Уште при превземањето на Фк Пелистер од страна на општина Битола, никакава деструкција или притисок од наша страна не постоело. Ја оставивме општината да ги среди наследните проблеми во клубот. И што се случи, општината најде приватник, кафанџија, за нов сопственик на клубот. Напредок, професионализам во клубот 0!!! Никаков маркетинг, никаква транспарентност, клуб кој е од јавен интерес на градот кој е спонзориран од наши пари, немаме каде да го прашаме за целите и плановите немаме кај да слушниме развојна програма, ниеден пресс со години наназад. Лани благодарение на короната и на преслабата лига, и на луѓе во Ффм, кој патем сега не сакаат да ве видат оти си бркате политички интереси а не клупски, Пелистер влезе прва лига. Благодарение и на фудбалерите кој тогаш играа за Пелистер а вие за фала, оти Зоче тикварот така ви рече ги избркавте од клубот. А сега во прва лига место чекор напред да одиме ние сејљачки го водиме клубот. На шо личеше ова денес бре? На шо личеше последното коло? Свесни сте дека некој денес снимаше, свесни сте дека ако Пелистер трпи последици вие ќе го јадите први ЛИЧНО? Шо мислите со клубот да прајте? Да бидиме развоен клуб на слога, ќе молиме за позајмици, ќе бараме играчи за плескавици шо ќе играт??? Средете го клубот, излезете во јавност да кажите како планирате да останиме прва лига, или па ќе чекате миравци и борец да се распаднат????? Ако не сте способни за нешто подобро од сега, остајте го клубот, има луѓе шо го сакат и шо имаат визија за истиот. Пелистер бил бренд и ќе остане, а со вакви селски потези ко денес, ко пред недела дена ко изигрававме борци за ред и поредок во ффм… нема да не биди.Општина Битола, трошите премногу пари, редно е малку да се задумате кај давате и на кој, со овие шо сте ги одбрале… ТОЛКУ“, стои во соопштението на навивачката група Чкембари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА