Вистински хаос се случува во Битола по срамниот пораз на Е. Пелистер во полуфиналето од Купот на Македонија од екипата на ГРК Охрид.
Најреволтирани се навивачите на битолчани, „Чкембарите“ кои направија вистински хаос во Битола, откако вечерва на социјалните мрежи протече видео како тие напаѓаат комбе со однапред подготвена заседа на регионалниот пат кај Битола.
Не е јасно кого нападнаа „Чкембарите“!? На дел од социјалните мрежи протекоа информациите дека се нападнати ракометарите на Пелистер, во знак на револт на нивното издание во полуфиналето од Купот, но информациите говорат дека се нападнати дел од навивачите на Охрид, кои од Струмица се враќале во својот град.
Се уште не е познато кој точно се наоѓал во нападоното комбе, а Чкембари порачаа „Баравте проблем добивте!“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
