„Чкембари“ – силна поддршка за Пелистер во Штип, Брегалница сака реванш…

Пелистер ќе има добра поддршка од своите најверни навивачи денеска од 17 часот на Градскиот стадион во Штип, во првиот полуфинален натпревар против Брегалница од Купот на Македонија.

„Чкембари“ најавиваат свое масовно присуство во Штип во желбата да се даде максимална поддршка на својот тим во желбата да се оствари добар резултат во првиот дуел, како далеку порелаксирано би се очекувал потоа реваншот во Охрид.

„Секако, нашата желба е пласман во финалето од Купот на Македонија. Но, не треба воопшто да се потценува екипата на Брегалница. Тоа го видовме и на претходниот меѓусебен дуел во Охрид“ – вели тренерот на Пелистер, Наџи Шенсои.

Натпреварот за штипјани има и дополнително значење ако се знае дека за првпат Брегалница во Штип ќе игра под рефлектори. Сето тоа најавува полни трибини во Штип, но и силен мотив за „сините“ да се дојде до успех.

„Во Охрид покажавме дека може рамноправно да се надигруваме со Пелистер. Сметам дека можеме да дојдеме до победа во Штип, преку која потоа низ реваншот ќе се обидеме да дојдеме до историски пласман во финалето од Купот. Сега сите ние ја очекуваме и поддршката од трибините во Штип. Максимално сме мотивирани да дојдеме до позитивен резултат“ – вели капитенот на Брегалница, Горан Здравков.

Се вчитува...