Членовите на Академија Пандев и Борец тестирани на Ковид-19

Пред почетокот на тренажниот процес а во очекување на продолжението на сезоната, денеска уште два прволигаши реализираа тестови на Ковид-19 за своите членови.

„Мобилна екипа од Аџибадем Систина беше во посета на ФК Академија Пандев и ФК Борец и направени се тестови на сите играчи, стручните штабови и луѓето кои што работат во овие клубови“ – информираа од Синдикатот на фудбалери на Македонија кои го организираа ова тестирање.

„Благодарност до Синдикатот на фудбалер за обезбедените тестови пред почетокот на тренинзите за прoдолжението на сезоната. Протоколот даден од ФФМ се почитува, сите се свесни за сериозноста и максимално се почитуваат мерките. Тренинзите во помали групи започнуваат од денес“ – информираа и од Академија Пандев.

Се вчитува...