Чоло збудале по победата, па си доби „флаши“ во глава (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид го елиминираше Манчестер јунајтед во осминафиналето во Лигата на шампионите откако во реваншот на „Олд трафорд“ славеше со минимални 0-1.

Диего Симеоне по завршувањето на натпреварот во свој стил ја прослави победата, откако направи еден спринт кон соблекувалните на англискиот стадион.

Во текот на оваа ситуација дојде до негодување од фановите на стадионот, кои испратија неколку шишиња кон аргентинскиот стратег. За среќа ниту една од флашите не го погоди, па тој помина без никакви повреди.

 

Се вчитува...