ЧОВЕЧИШТЕ: Репрезентативец на БиХ ќе дава гратис пиво и сладолед за навивачите на Штутгарт

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Ермедин Демировиќ го исполни ветувањето што го даде пред баражот на неговата репрезентација против Италија за пласман на Светското првенство.

Тој најави дека доколку БиХ игра на Мундијалот ќе има бесплатно пиво и сладолед за сите навивачи на неговиот сегашен клуб Штутгарт.

„Учеството на Светското првенство со босанската репрезентација значи неверојатно многу за мене. Ова лето, еден огромен сон ќе ми се оствари. Пред натпреварите од баражот, најавив пијалоци за навивачите на Штутгарт ако навистина стигнам до Светското првенство. И сега сакам да го одржам тоа ветување. Во понеделник, 27 април 2026 година, ќе има ограничен настан само со мене, од 19 до 20 часот во ВфБ-Васентаг за време на Пролетниот фестивал во Штутгарт. „Бесплатно пиво“ во шаторот Бенц Хофброу. Камиони со сладолед ќе бидат достапни и за сите деца на јавна тренинг сесија во наредните недели. Со целата радост од учеството на Светското првенство, многу ми е при срце да мислам на луѓето кои не се на сончевата страна од животот. Затоа решив финансиски да ја поддржам Фондацијата на ВфБ „Брустринг во срцата“. Со нетрпение очекувам да ве видам во понеделник на Пролетниот фестивал“, напиша Демировиќ. 

Се вчитува...