Човечноста пред сè – пофалби за Карпош соколи

Кошаркарската јавност во регионот со пофалби го поздрави потегот на управата на Карпош соколи, која му помага на поранешниот кошаркар Слаѓан Стојковиќ во неговата битка со тешката болест.

Српскиот кошаркар, кој е близок пријател на тренерот Драган Николиќ, се наоѓа во Скопје на 40-дневни третмани во една од приватните клиники во нашиот главен град.

Српските медиуми јавуваат дека претседателот Огнен Дедиќ и Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, веднаш штом слушнале за ситуацијата му пришле на Стојковиќ и му понудиле помош, обебедувајќи сместување и исхрана за екс-кошаркарот, како и попуст за лечењето и терапијата.

Тој во периодот меѓу терапиите бил гостин и на Врбица Стефанов, а српската јавност е воодушевена од човечноста на кошаркарските работници од Македонија, кои знаат како да му помогнат на долгогодишниот спортист кога му е најтешко.

pofalbi za sokoli

Се вчитува...