Го победи Интер и сега се нуди: „Се надевам дека Милан ќе ме земе и ќе играм во ЛШ“

Никола Сансоне, играчот на Болоња кој вчера донесе три бода за својот тим во дуелот со Интер, и придонесе во трката за Скудетото, имаше интересна изјава по мечот кој неговиот тим го доби со 2-1.

Тој практично самиот се „понуди“ на Милан после голот, по грешката на голманот Раду, кој практично му ја „подари“ топката на Сансоне, а овој ја спроведе во празната мрежа.

„Се надевам дека Малдини или некој од Милан ќе го види ова. Можеби ќе се заблагодарат и ќе ме земат на позајмица, а јас ќе игрм во Лигата на шампионите“, изјави Сансоне.

Се вчитува...