Човекот што го доведе Меси во Барселона тврди дека е договорен со Интер

Човекот кој го доведе Лионел Меси во Барселона, неговиот прв агент Жозеп Марија Мингела вели дека одличниот Аргентинец го одбрал тимот каде ќе ја продолжи кариерата. Мингела вели дека Меси веќе ја прифатил понудата на Интер и во следните неколку дена и официјално ќе стане нов член на клубот од Милано.

„Мислам дека Меси веќе го одбра тимот – Интер. Во Италија данокот е помал, таму е и Кристијано. Од друга страна во Англија игра неговиот кум Агуеро, а таму е и Пеп Гвардиола, но сепак не верувам дека ќе премине во Манчестер Сити. Тешко е да го замислам во Англија“, изјави Мингела. 

За потсетување Лионел Меси вчера го извести раководството на Барселона дека сака да замине од клубот, а како најголеми фаворити за негов потпис се споменуваат Интер, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Се вчитува...