Човиќ откри: Антиќ има плата 150.000 евра годишно, а некои многу повеќе и ништо не прават за клубот

Првиот човек на Црвена Звезда, Небојша Човиќ по изгубената серија во финалето од плеј-офот на АБА лигата за српските медиуми се осврна на изминатава година притоа изнесувајќи и бројни интересни податоци. Посебно кога е збор и околу заработката на актуелни и поранешни кошаркари на „црвено-белите“…

Според Човиќ некои кошаркари не си ја заслужуваат платата, притоа потенцирајќи дека македонскиот кошаркар Перо Антиќ игра за 150.000 евра годишна заработка а е вистински професионален пример…

„Не бевме задоволни од изданијата на Дилан Енис и затоа ја прекинавме соработката. Исто така ќе видиме што ќе биде со Бјелица. Тој е лиценциран за нашата лига, но веќе подолго време игра слабо. Неговата годишна заработка е 400.000 евра, додека Перо Антиќ има 150.000 евра. Кој не верува – може да провери. Рочести и Лесор се на ниво 200-250.000 долари. Вкупната бруто заработка на стручниот штаб и играчите за оваа сезона е околу 3,3 милиони евра“ – открив Човиќ гостувајќи на „Пинк“, притоа  дополнувајќи дека позицијата на тренерот Душан Алимпијевиќ е сигурна.

„Не сме го промениле тренерот, ниту тоа ќе го направиме. Се сеќаваме на 2014 година кога Радоњиќ го загуби полуфиналето против Цибона. Имаше коментари дека треба да се протера од Србија“ – дополнува Човиќ.

Се вчитува...