ЧСМ Букурешт го доби ФТЦ во првото четвртфинале во ЛШ

Актуелниот европски шампион, ЧСМ Букурешт, го направи првиот чекор кон пласман на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите. Во првиот натпревар од четвртфиналето, романскиот тим на домашен терен го победи ФТЦ со 30-25 и со пет гола предност ќе патува на реваншот во Будимпешта.

Швеѓанката Изабел Гулден со десет гола го предводеше ЧСМ Букурешт до првиот четвртфинален триумф. ФТЦ ја имаше расположената Анико Ковачич која постигна 11 гола, но ни тоа не беше доволно за унгарскиот тим да се спаси од пораз.

Другите три четвртфинални дуели се играат во недела. Вардар во Данска му гостува на Митјиланд, Мец го пречекува Ѓер, а Будуќност е домаќин на Ларвик. Реванш натпреварите од четвртфиналето во ЛШ се играат на 15 април. Победниците во четвртфиналните дуели обезбедуваат пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Се вчитува...