Драган Ѓукиќ нов тренер на ЧСМ Букурешт по отказот на Јохансон

Поранешниот селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ е промовиран како нов тренер на романскиот ЧСМ Букурешт по отказот на Магнус Јохансон кој доби „шут карта“ од раководството по очајниот старт на сезоната.

ЧСМ најпрвин загуби во домашното првенство од Валчеа, по што следеше и пораз на гостувањето во Битигхахјм во рамките на Лигата на шампионите, неуспех по кој челниците најавија дека се подготвени за промени. Сега сето тоа е реализирано, а спасот ќе се бара во Драган Ѓукиќ.

Во таборот на ЧСМ Букурешт во текот на летото пристигнаа и четири ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ, Драгана Цвијиќ и Барбара Лазовиќ, кои се вклопија во сивилото на овој клуб на стартот од новата сезона.

Се вчитува...