ЧСМ Букурешт го смени тренерот пред четвртфиналето од ЛШ

Хеле Томсен повеќе не се наоѓа на чело на стручниот штаб на ЧСМ Букурешт откако раководството на романскиот првак реши да ја прекине соработката со данската кормиларка. ЧСМ вчера славеше на дуелот против Бистрица со 30-23, но на Томсен и било кажано дека соработката ќе биде прекината поради променливите игри во текот на целата сезона.

„Точно е, заминувам. Знаев уште пред мечот со Бистрица. Кога доаѓав овде знаев дека од мене се очекуваат само победи, така што оваа одлука на управата не е изненадување. Загубивме неколку натпревари во ЛШ, не игравме секогаш убаво за око… управата сакаше да направи промена пред четвртфиналето и јас ја разбирам нивната одлука“ – изјави Томсен за данските медиуми.

ЧСМ Букурешт во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе се сретне со екипата на Мец.

Се вчитува...