Актиуелниот европски шампион Реал Мадрид денеска и официјално го претстави своето четврто најскапо засилување во историјата, францускиот тинејџер Орелиен Чуамени, кој за вкупни 100 милиони евра дојде од Монако во „кралскиот клуб“.
Реал за Чуамени плати 80 милиони евра за трансферот, а плус ќе доплати уште 20 милиони во разни бонуси и денеска фудбалерот за врска беше промовиран на „Сантјаго Бернабеу“. Тој во иднина треба да биде наследникот на Бразилецот Касемиро.
„Привилегија е да играте во боите на овој клуб. Многу сум среќен што ја почнувам приказната со Реал Мадрид, најдобриот клуб на светот. Среќен сум и ќе работам напорно за да освојам многу титули со овој клуб. Благодарност до претседателот, до менаџерите, до семејството за оваа можност“, рече Чуамени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА