Чубраковиќ заминува од Академија Пандев

Српскиот интернационалец Душан Чубраковиќ го напушта составот на Академија Пандев. Договорот на голманот истекува со завршувањето на оваа сезона, па тој си заминува како слободен играч.

Душан Чубраковиќ имаше забележителни настапи за составот на Академија Пандев, а претходно има настапувано за Слобода Ужице, БАСК Белград, Чукарички и Синѓелиќ.

Првенството на Македонија е прекинато со одлука на УО на ФФМ, а Академија Пандев заврши на седмата позиција. Нема да се доигра ниту Купот на Македонија, каде „пандевци“ требаше да играат полуфинале против Брегалница.

Се вчитува...