Чудесна рехабилитација – Кузмиќ пуштен од болница (ФОТО)

Прекрасна вест пристигнува вечерва од Белград, откако Црвена Звезда обелодени дека Огнен Кузмиќ ја напуштил болницата во српскиот главен град и заминал на домашно лекување. Српскиот репрезентативец се наоѓаше во животна опасност по страшната сообраќајна несреќа, но по хируршкиот зафат рехабилитацијата течеше чудесно, па Кузмиќ доби зелено светло да ја напушти клиниката.

„Лекарите се исклучително задоволни од опоравувањето на Кузмиќ, кој ќе ја продолжи рехабилитацијата во друштво на своето семејство, но под константна лекарска контрола. Тој од вечерва е пуштен на домашно лекување“ – се вели во најновото соопштение на шампионот на АБА-лигата.

Воедно, „црвено-белите“ обелоденија дека и второто лице кое се наоѓало во автомобилот на Кузмиќ е со значително подобрена состојба и наскоро ќе биде пуштено на домашно лекување.

Се вчитува...