Чудесно полувреме на Наполи: Аталанта торпедирана за 45 минути

Фудбалерите на Наполи разочарани од изречениот службен пораз од Јувентус сиот свој бес го историја врз Аталанта, четири пати матирајќи го голманот на тимот од Бергамо за само 45 минути игра на „Сан Паоло“.

Гатузо се реши за формација 4-2-3-1 со крајно офанзивен состав, со Осимен како најистурен во нападот, помаган од Мертенс, Лозано и Наполитано. Ваквиот пристап се покажа како полн погодок бидејќи „наполитанците“ целосно ги притиснаа гостите, а потоа максимално ги користеа шансите што ги создаваа.

Лозано ги постигна првите два гола на овој меч, на 3-0 со прекрасен удар од далечина зголеми Политано, а четвртиот погодок беше дело на Осимен, прв гол на нигерискиот голгетер по трансферот од Лил во летниот преоден рок.

Се вчитува...