Чудни работи се случуваат во Каталонија: Никој од Барса не се збогуваше со Меси, единствено се огласи Пујол

Светската фудбаска јавност е шокирана од динамиката на разделбата на Меси и Барселона. Сепак, уште поголемо изненадување е што ниту еден фудбалер или член на каталонскиот клуб не се огласил и не се збогувал со Меси, ниту лично, а ниту преку социјалните мрежи.

Неговиот поранешен капитен, Карлес Пујол е единствен кој напиша неколку збора во негова чест на Твитер. Сите останати молчат и оставаат дилеми околу оваа чудна одлука доцна синоќа. Малкумина се надеваат дека Аргентинецот по вторпат ќе се предомисли и ќе потпише нов договор со својот матичен клуб, намалувајќи ја платата за дополнителни 30%, како Барса би немала проблем за регистрација на договорот.

Сепак, треба да се потенцира дека управата создаде една неприродна атмосфера во соблекувалната, барајќи од неколку фудбалери дополнително да си ги намалат платите, за Меси да добие нов договор. Така, Алба, Бускетс, Серхи Роберто и Пике требаше да добијат помали годишни примања, како исполнување на еден од условите. Вториот е продажба на Гризман, Умтити и Пјаниќ.

Синоќа фанови на Барселона се собраа пред „Камп Ноу“ и со транспаренти и извици против Лапорта и управата побараа Меси да се предомисли и да остане во Каталонија.

Се вчитува...