Чудо во ЛШ: Кил шокиран од Бјерингбро

Данскиот првак Бјерингбро приреди огромно изненадување во Лигата на шампионите откако на гостински терен го шокираше Кил со 21-24. „Зебрите“ влегоа во овој дуел како апсолутни фаворити, но покажаа премногу осцилации во играта, пред се во нападот, и им дозволија на гостите од Данска да стигнат до изненадувачка победа. Како клучен се покажа финишот од средбата, откако Кил во последните девет минути постигна само еден единствен погодок, па Бјерингбро пред се благодарение на беспрекорната одбрана стигна до оваа победа. Кнудсен беше најефикасен кај победничката екипа со седум гола, додека најдобар стрелец на Кил беше Дувњак со четири погодоци.

Веспрем ја искористи предноста на домашен терен и славеше со 31-25. Гостите солидно парираа се до 12 минути до крајот, кога имаа само „минус два“ (24-22), по што Веспрем влезе во ритам и на крајот забележа убедлива победа.

Илиќ со седум и Наѓ со шест гола беа најефикасни во редовите на победничкиот тим, додека први стрелци на Висла беа Житников и Ивиќ со по четири гола.

Се вчитува...