Првиот чекор кон големото финале на НБА го направија кошаркарите на Њујорк Никс. По продолженијата ноќеска го совладаа Кливленд со 115-104 во драматичен и возбудлив меч со многу пресврти, во кој Кливленд имаше +22 поени предност на стартот на четвртиот период.
Но, домашните кошаркари полека ја „топеа“ предноста, за на крај да дојде до егал (101=101), па мечот мораше да се решава по продолженијата.
А, таму одлична партија на домашниот тим, го доби продолжението со неверојатни 14-3, и да дојде до предност во серијата со Кавалирс.
Чудесен беше настапнот на Џејлен Брансон кој уфрли 38 поени, запиша и пет скока и шест асистенции. Мичел од Кливленд беше најефикасен со 29 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
