Чудо во Загреб – Шифрин загуби во слалом

Петра Влхова приреди огромно изненадување на слаломската трка во Загреб, откако успеа да триумфира пред досега неприкосновената Микаела Шифрин.

Американката Шифрин се наоѓаше во победничка серија од неполна година, триумфирајќи на шесте трки во слалом во овој период. Влхова, која последен пат ја совлада Шифрин на 8 јануари 2019 година во Флахау, денеска доминираше во двете возења, оставајќи ја фаворитката далеку зад себе.

Влхова ја заврши втората трка со вкупно време што беше за 1,32 секунди подобро од она на актуелната шампионка во оваа дисциплина, додека третопласираната Катарина Лајнсбергер имаше дури 3,49 секунди послабо време од победничката.

„Оваа победа е многу значајна за мене бидејќи знаев дека Шифрин возеше многу брзо. Ако сакав да победам, морав да ризикувам цело време, но за среќа успеав во тоа“ – истакна Влхова.

Се вчитува...