Чудото од Париз: Мачката си ја крсти Рафа, денеска игра против Надал

Годинашното издание на Ролан Гарос е преполно со изненадувања, а едно од нив е американскиот тенисер Себастијан Корда кој го почна својот осминафинален меч со Рафаел Надал. Корда пред мечот изјави дека токму Рафа е неговиот идол, а толку е фасциниран од Шпанецот што и мачката  ја крстил по него.

„Рафа е мојот идол и е една од главните причини поради која го одбрав тенисот. Од него научив никогаш да не се откажувам, се трудам секој ден да бидам како него. Дури и мојата мачка ја крстив по него. Тоа доволно кажува колку навистина го сакам. Се радувам на дуелот бидејќи кога ќе искочам на терен ќе бидам најсреќниот човек на светот“, изјави Корда. 

Корда  е син на легендарниот чешки тенисер Петр Корда, кој во 1998 година го освои Австралија опен, а шест години порано играше и финале на Ролан Гарос.

Се вчитува...