Ракометарите на Вардар утре ќе имаат тешка задача на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ да ја анулираат негативата од десет гола против Монпелје по првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на Европа.
Тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ пред утрешниот меч вели дека верува дека може да се надокнади.
„По мое мислење имавме добри и лоши моменти. Прво полувреме одигравме подисциплинирано и првпат сезонава игравме на резултат. Но во второто полувреме лошо отворивме и се сврте цел меч. Одигравме солиден меч, но кога играш со таков тим солиден меч може да значи тоа што се случи на крај. Се подготвуваме и сакам сите да веруваат бидејќи во оваа сала е многу тешко да се игра и сите не почитуваат. Мора да се презентираме во подобро светло и да веруваме дека можеме да ги стигнеме тие десет разлика. Може ќе ми кажете утре дека сум будала, но никој не ни брани да сонуваме и веруваме“, изјави Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
