Чупиќ пред стартот на ЛШ: Мелсунген е фаворит, но ние сме решени да покажеме дека сме подготвени за ова натпреварување

Двократниот европски шампион Вардар својот кам-бек во Лигата на шампионите го почнува со гостувањето кај германски Мелсунген во воведното коло во елитното натпреваруње, меч кој ќе се игра во четврток од 20.45 часот.

Тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ пред дуелот со германскиот тим вели дека неговите ракометари се подготвени за ова натпреварување.

„Очекуваме сосема поинаков натпревар од оние што ги игравме против Мелсунген минатата сезона. Ова е сега отворањето на Лигата на шампионите на ЕХФ, а нашите противници имаат полн состав на располагање и влегуваат во натпреварот како фаворити. Имаме уште неколку дена добро да се подготвиме и ќе патуваме во Германија решени да покажеме дека сме подготвени за ова натпреварување. Мелсунген ќе треба да го потврди својот статус на фаворит на теренот, додека наша задача е да одиграме сериозно и да се бориме за позитивен резултат“, изјави Чупиќ. 

Се вчитува...