Чупиќ: Серијата грешки во второто полувреме и проблемите со составот си го направија своето

Ракометарите на Вардар 1961 ќе бркаат негатива од десет гола во Скопје на реваншот од четвртфинален натпревар во Европската лига, по поразот на гостувањето од Монпелје со 33-23.

Јасно е дека само чудо може да ги однесе „црвено-црните“ до полуфиналето, за што е свесен и тренерот Иван Чупиќ кој вели дека резултатот, на крај, е логичен ако се знаат и проблеми составот и настапот без двајца клучни играчи како Малус и Хориха.

„Може да кажам дека во првото полувреме игравме дисциплинирано и цврсто во одбраната, се обидовме да ја запреме нивната транзициска игра одржувајќи го посакуваниот ритам. Со оглед на проблемите со составот и недостатокот на некои ракометари, игравме ‘седум на шест’ за да можеме да го насочиме резултатот во наша корист. Но, направивме серија грешки на стартот од второто полувреме, и потоа беше навистина тешко. На крај, после тоа што се случуваше во вториот дел, резултатот е логичен“ – вели Чупиќ.

Реваншот е закажан за 5 мај во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...