Двократниот европски шампион Вардар триумфално го стартуваше настапот во новата сезона во второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа, откако вечерва на домашен терен славеше над хрватски Сесвете со 34-29.
По мечот тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ вели дека е задоволен од тоа што ракометарите покажале карактер.
„Ќе издвојам два сегменти на овој меч. Прво влеговме многу агресивно и со тоа го отворивме добро мечот. По 15 минута имавме проблем до крајот на првиот дел и примивме многу лесни голови. Во вториот дел пак отворивме добро, по што следеше наш голем пад. Знаевме дека мораме да ја подобриме одбраната и да даваме голови од транзиција. Моите ракометари покажаа карактер и задоволен сум од новата игра. Секој почеток од било кое натпреварување е тешко и мислам дека во финишот со добра одбрана и добар голман успеавме да стигнеме до победа“, изјави Чупиќ.
Слично размислува и најефикасниот на мечот Дмитро Хориха …
„Честитки до Сесвете бидејќи одиграа добар меч и моравме да дадеме максимум за да победиме. Се надевам дека ќе продолжиме со одличните игри, па следна цел ни е добар меч и против Тулуз“, изјави Хориха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

