Ракометарите на Вардар на најдобар можен начин ја започнаа сезоната, со 32:31 го совладаа Охрид во Суперкупот на Македонија.
Тренерот на црвено-црните е задоволен од триумфот, освоениот пехар, како и од победата над Охрид кој пак славеше на последните два меѓусебни дуели на подготовките.
„Сигурно дека сме задоволни кога ќе се освои трофеј, среќа и задоволство е големо. Знаевме дека не чека тешко финале против многу добар противник и би сакал да му честитам на Охрид за фер и коректниот меч. Ова беше вистинско финале и честитки до моите играчи“, изјави Чупиќ веднаш по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
