Чупо – Мотинг е херојот на ПСЖ: Прв гол во ЛШ по цели шест години

Ерик – Максим Чупо – Мотинг израсна во херој на Пари Сен Жермен во лудата победа над Аталанта (2-1) за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Италијанскиот тим имаше водство од 1-0 до 90.минута, а потоа Маркињос израмни на 1-1 и Чупо – Мотинг постигна победнички погодок во 93.минута. Тоа е негов прв гол во ЛШ по цел шест години, од октомври 2014 година кога стрелаше во дресот на Шалке 04.

„Морам да ви кажам нешто за Чупо. Тој е чудо. Неговиот договор со ПСЖ е истечен, а тренира како луд и сака да ја освои Лигата на шампионите. Ние сме вистинска екипа. Секој сака да помогне, во секој момент ќе се најде некој што ќе знае да го направи најдоброто за тимот“, изјави во еуфорија по триумфот, Андер Ерера.

Британските медиуми веднаш извадија и неверојатен податок. Пред две години Чупо – Мотинг со Стоук испадна од Премиер – лигата, а сега постигна гол за полуфинале во Лигата на шампионите.

Се вчитува...