Чурлинов: Го исполнив сонот од детство со настапот во дресот со боите на Македонија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов во интервју за клупскиот сајт на Шалке 04 говореше за досегашниот дел од кариерата.

Тој покрај останатото вели дека сон од детство му било да го облече дресот со боите на Македонија.

„Многу ми значи настапот за Македонија. Како момче, мојот сон беше да играм за репрезентацијата и да ги носам боите на мојата земја. Моите искуства во националниот тим ми помогнаа многу за да се развивам во спортска смисла. Преку меѓународната мечеви можев да играм на највисоко ниво дури и рано во кариерата бидејќи се соочував со со најдобрите играчи во Европа“, изјави Чурлинов. 

 

Се вчитува...