Чурлинов одигра цел меч за Јагиелонија против Ајакс, Холанѓаните со убедлив триумф

Неколку македонски интернационалци играа вечерва мечеви во плеј-офот во Лигата на Европа. Во групната фаза речиси сигурно нема да оди Јагелонија во која настапува Дарко Чурлинов. Македонскиот напаѓач беше на теренот 90 минути во дуелот со гигантот Ајакс. Иако добро почна полската екипа, и победе со 1-0, на крајот Ајакс славеше убедлива победа од 1-4, и се најде пред пласман во групите во Лигата на Европа.

Во Будимпешта, Борац Бања Лука оствари голем резултат откако остана непоразен играјќи 0-0 во дуелот со Ференцварош. На голот го немаше Дамјан Шишковски, кој досега ги бранеше сите натпревари.

ПАОК веројатно ќе се најде во групите во Лигата на Европа откако со 4-0 го совлада Шамрок Роверс на домашен терен, а РФС Рига го совлада АПОЕЛ со 2-1. Бешикташ  иако имаше 1-3 во дуелот со Лугано, на крајот мораше да се задоволи со „реми“ од 3-3.

РЕЗУЛТАТИ: 

ЛАСК – ФЦСБ 1-1

Молде – Елфсборг 0-1

РФС Рига – АПОЕЛ 2-1

Викторија Плзен – Хартс 1-0

ПАОК – Шамрок Роверс 4-0

Лудогорец – Петрокуб 4-0

Макаби ТА – ТСЦ Бачка Топола 3-0

Лугано – Бешикташ 3-3

Динамо Минск – Андерлехт 0-1

Јагиелонија – Ајакс 1-4

Ференцварош – Борац Бања Лука 0-0

Се вчитува...