По двете победи во низа, Шалке и Дарко Чурлинов го претрепеа и третиот пораз во втората германска лига откако во 7. коло на домашен терен загубија до Карлсруе со 1-2.
Гостите поведоа уште во првата минута од мечот преку Кјонг-Рок, а македонскиот интернационалец со асистенција до Тероде донесе изедначување во 15. минута. Шалке успеа и да поведе во 51. минута од мечот, но овој гол беше поништен по прегледување на ВАР.
Работните на теренот се променија по црвениот картон на Палсон во 72. минута, кој придонесе и Македонецот да го напушти теренот, а тритте бода за гостите ги донесе Ваницек на две минути пред крајот на мечот.
По седум одиграни кола тимот од Гелзекирхен се наоѓа на осмата позиција на табелата со 10 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА