Чурлинов се раздели со Кочалиспор, пред враќање во Германија!?

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се раздели со турскиот суперлигаш, Кочаелиспор, кој официјално информираше дека нема да ја продолжи соработката со дури десет фудбалери.

Меѓу имињата кои го напуштаат клубот е и она на Чурлинов кој заминува по само една полусезона и 12 настапи за турскиот клуб.

Според последните информации, прва интенција на Дарко Чурлинов е враќање во германскиот фудбал каде претходно настапуваше за Шалке 04, Штутгарт и Келн. Има можност за ново враќање во Шалке 04 каде мина одлична сезона.

Претходно, во својата кариера, настапуваше и за англиски Барнли како и за полска Јагелонија.

Се вчитува...