Чурлинов: Силно верувам во оваа генерација, во иднина не чекаат многу успеси

Дарко Чурлинов, низ минутажата која ја доби на Европското првенство 2020, и дефинитивно потврди дека е еден од индивидуалците на кои ќе треба да се темели македонската репрезентација во иднина.

И на дуелот со Украина и на вчерашниот со Холандија, членот на германски Штутгарт јасно потврди дека и тоа ќе биде еден од играчите од костурот на националниот тим. Чурлинов, по дуелот со Холанѓаните, жали што не се стигна до позитивен резултат но е убеден дека ова е само еден почеток кон нови успеси во иднина.

„Посакувавме да завршиме со позитивен резултат и за нас и за капитенот Пандев, но ете Холандија беше подобра и заслужено дојде до победата и покрај тоа што одигравме добро прво полувреме. Во секој случај овој настап е една убаво искуство кое треба да биде темел за многу подобри резултати во иднина“ – истакна Чурлинов, притоа дополнувајќи:

„Силено верувам во оваа генерација и во Македонија, без разлика на тоа што во иднина нема да го имаме Горан со нас. Знам за индивидуалните квалитети на оваа генерација, знам со каков потенцијал располагаме и затоа сум убеден дека не чекаат уште многу успеси во иднина“.

Се вчитува...