Чурлинов стрела со глава, Бјарнасон го спасува Исланд од гол-линијата (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија на гостувањето кај Исланд беше на прагот да освои нови три бода во квалификациите за Светското првенство. Сепак и покрај подобрата игра во големиот дел од натпреварот и предноста од 2-0 до 78. минута, домаќините успеаја да стигнат до изедначување, а и да се спасaт од пораз во 95. минута од мечот.

Имено, по нафрлувањето на Алиоски во шестнаесетникот со глава удар кон противничкиот гол упати Чурлинов, а и покрај тоа што беше совладан голманот Рунарсон, Бјарнасон успеа да ја извади топката од гол-линијата и да спречи трет гол на Македонија.

 

 

Се вчитува...