Чурлинов: Верувам во моите квалитети и подготвен сум во секој момент да и помогнам на Македонија

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Македонија продолжува со подготовките за вториот натпревар на Европските првенства против Украина кој се игра во четврток. Дарко Чурлинов кој доби повик во репрезентацијата вели дека верува во своите квалитети и во секој момент е подготвен да и помогне на екипата.

„Пресреќен сум што имам можност да бидам дел од ова историско Европско првенство. Атмосферата е одлична во тимот. Нормално е да има еуфорија бидејќи првпат сме на ЕВРО. Сепак, кога сме на тренинг сконцентрирани сме максимално и на високо ниво. Против Украина јас лично верувам во моите квалитети и во секое време сум подготвен да и помогнам на екипата. Дали ќе добијам шанса тоа не е до мене. Верувам во моите квалитети и знам дека можам да бидам од помош на екипата“, вели Чурлинов. 

Околу натпреварот со Украина вели….

„Секој натпревар на Европско првенство е тежок. Треба да влеземе сто проценти во мечот и да бидем на високо ниво како и претходно. Мораме да биде вистинска Македонија. Со Австрија одигравме одличен меч до последните дваесет минути кога падна нашата игра. Мора да веруваме во нас и да дадеме максимум против Украина“, дополнува Чурлинов. 

Се вчитува...