„CR 300“: Роналдо до голем голгетерски јубилеј, Реал со триумф над Хетафе

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, стигна до фантастична бројка од 300 голови во Ла Лига, а „кралевите“ остварија очекувана победа над Хетахе (3-1) на „Сантијаго Бернабеу“, во пресрет на реваншот против ПСЖ во ЛШ.

Герет Бејл во 24.минута го донесе својот тим во водство, а Кристијано Роналдо пред самиот крај на првиот дел го постигна својот 300.гол во Ла Лига во кариерата. Тоа го стори за одиграни 286 натпревари, што значи дека во просек постигнува повеќе од еден гол по натпревар.

Иако Хетафе на стартот вториот дел остана со играч помалку по исклучувањето на Лоик Реми, сепак, намали на 2-1 преку Франциско Портилјо од пенал во 65.минута. Но, триумфот на Реал Мадрид го осигура повторно Кристијано Роналдо во 78.минута, со својот втор погодок на овој меч.

Се вчитува...