„Да е Коби жив па да ми даде совет“

Членот на шампионската генерација на ЛА Лејкерс од 2009 и 2010 година, Ламар Одом помина низ бурен период од животот по завршувањето на професионалната кариера. Одом беше зависник од дрога и алкохол, а откако беше на работ на смртта успеа да се реши од сите лоши навики и да почне нов живот. Меѓутоа, Одом жали за фактот што ги заложи двата освоени прстена. Тоа не можат да му го простат ниту навивачите на Лејкерс, а кошаркарот жали за тоа што го нема Коби да му побара совет.

„Се навикнувам да живеам без мојот брат. Коби беше еден од првите што ме посети по предозирањето во 2015 година. Ме советуваше како да го подобрам мојот живот. Да можам би го прашал како да побарам прошка од фановите за тоа што ги заложив двата прстена“, изјави Одом. 

Сумата на двата прстена се очекува вкупно да изнесува околу 100.000 долари.

Се вчитува...