Да им се сокрие голот и на Португалците, а да се погоди како се знае и умее (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија утре на гости кај Португалија ќе го одигра историскиот натпревар во финалето од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар.

Избраниците на Благоја Милевски вечерва го одработија официјалниот тренинг на „Драгао“ во Порто во одлична атмосфера пред утрешниот меч кој ќе се игра од 20.45 часот.

Наша цел на мечот ќе биде да им се сокрие голот на Португалците и да се погоди како што се знае и умее, нешто што беше добитен рецепт на дуелто со Италија.

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Аријан Адеми во врвот на својата кариера беше пред трансфер во Порто кој, за жал, поради некорекната казна за наводен допинг не се реализираше. Можеби “Драгао” сега за него е предодреден за историја?

 

 

Се вчитува...