Да се биде или не за Леви: Имам само уште две дилеми за составот

ЕКИПА во Хаифа, Израел

Владимир Булатовиќ

Под жесток притисок е израелскиот селектор Елиша Леви да стигне до триумф против Македонија на утрешниот квалификациски натпревар за пласман на СП 2018 во Русија. Не сакаше тоа да го признае и на денешната прес-конференција на стадионот „Сами Офер“ во Хаифа, но се поизвесено е дека во случај на пораз ќе го напушти кормилото на Израел.

„Не се оптоварувам што би произлегло од евентуален пораз, затоа што ние гледаме напред и размислуваме само за победа против Македонија“ – вели Леви, кој потенцира дека за него остануваат уште две дилеми околу почетниот тим на утрешниот меч.

Се уште израелскиот селектор не знае дали на голманската позиција ќе биде Омри Глазер од Макаби Хаифа или Ариел Харуш од кипарскиот Анортозис.

Во одбраната без сомнение ќе бидат искусниот Тал Бен Хаим и Шир Цедек, во средниот ред, и покрај наводната повреда, од првата минута треба да биде капитенот Еран Захави, заедно со Натхо и Кохен. А, во нападот покрај Тал Бен Хаим 2 од Спарта Прага, дилемата е дали да стартува Лиоер Рафаелов од белгиски Бриж или младиот Манор Соломон од Макаби Петах Тиква.

„Остануваат уште неколку дилеми, но во голема мера веќе знам кој ќе настапи од првата минута. Но, тоа не е толку важно. Важно е секој поединец да го даде максимумот на терен, да знае дека игра за Израел и дека секој натпревар е значаен. Овие бодови ни се неопходни за да ја продолжиме трката за третата позиција на табелата во групата. Македонија е добар тим, кој игра офанзивно, ако сакаме да ги победиме ќе мора да одиграме многу подобро од средбата со Албанија“ – истакна на прес-конференцијата, Елиша Леви.

Се вчитува...