Да се наежиш: Мурал од Коби и Џана на баскет-терен во Манила (ФОТО)

Светот се уште тагува по Коби Брајант по прераната смрт на НБА-великанот, но уметници од Филипините се погрижија споменот на големиот кошаркарски ас да остане вечен, креирајќи фантастичен мурал од Коби и неговата ќерка Џана.

„Ќе продолжиме да тагуваме, но најважно е да се погрижиме делото на Коби Брајант и спомените од него и од неговата ќерка Џана да останат засекогаш во нашите срца. Знаеме колку Коби сакаше да доаѓа во нашата земја, ова е најмалку што можеме, светот да дознае колку тој ни значеше на сите нас“, изјави Мајк Свифт, еден од помагателите на овој проект.

На црниот ѕид крај аут-линијата се напишани бројни пораки од фанови на Коби, кои на ова место заеднички тагуваа по трагичната мест од Калифорнија.

Сликата говори повеќе од илјада, зборови, љубовта на прегрнатите татко и ќерка ќе остане вечна на теренот во Манила.

Се вчитува...