„Да се симнат вонземјани, веднаш ќе им биде јасно дека ВАР-судиите навиваат за Реал“

Жоан Лапорта е огромен фаворит во трката за нов претседател на Барселона, тој на анкетите има над 55% од вкупните гласови и огромни се шансите дека ќе се врати повторно да раководи со каталонскиот гигант.

Лапорта тврди дека ќе успее да го убеди Лионел Меси да остане во клубот, а ја искористи можноста и да го „пецне“ големиот ривал Реал Мадрид, порачувајќи дека ВАР-судиите се наклонети на „кралскиот клуб“.

„Тука нема никакви дилеми. Да се симнат вонземјани на нашата плата и да не знаат ништо за фудбал, сепак веднаш ќе им стане јасно дека ВАР-судиите навиваат за Реал“, изјави Лапорт за мадридскиот весник „Марка“, предизвикувајќи бурни реакции во шпанската јавност.

Се вчитува...