Да се знае кој е најдобар стрелец: Баже Илијоски „бомбардира“ во дресот на Шкупи (ВИДЕО)

Најдобриот стрелец во историјата на македонската Прва лига, Баже Илијоски, на фантастилен начин ја започна својата одисеја во тимот на Шкупи. Новото засилување покажа дека е расен голгетер и постигна хет – трик во дресот на чаирчани за само 16 минути на денешниот меч против Академија Пандев.

Илијоски во седмата минута го отвори резултатот, десет минути подоцна зголеми на 2-0, а во 23.минута веќе го комплетираше својот хет – трик. Нема шега со „бум бум Баже“…

Се вчитува...